ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Од утре поевтин бензин, ова се новите цени
Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,00 денари и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,50 ден/литар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)
и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.