ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Официјализирање на кандидатурата на Гордана Силјановска

Официјализирање на кандидатурата на Гордана Силјановска

Претседателот да се однесува натпартиски и да се води од државните и националните интереси, а не од слава и кариера, порача кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова. Таа се обрати пред партиските делегати, од кои очекува поддршка за кандидатурата.

„Претседателката, претседателот, мора да обединува, да биде проактивен, а не реактивен, да се води од Копенхашките критериуми. Да ги претставува сите, без оглед на етнос, вера, пол, род, статус. Да биде почитуван и да почитува“ изјави Гордана Силјановска Давкова – кандидат за претседател.

Во говорот, Давкова ја отфрли идејата шефот на државата да се бира во Собранието.

„Изборот од Собранието, ќе го намали легитимитетот и ќе доведе до опасна концентрација на моќта на едно место, ќе стимулира пазари и уцени“, нагласи Гордана Силјановска Давкова – кандидат за претседател.

Таа воедно изрази сомнеж за регуларноста на претстојните избори и ја критикуваше работата на техничкиот премиер Талат Џафери.

„Однесувањето негово е како на апсолутен монарх, односно султанско. Се прашувам дали навистина може да гарантира фер и демократски избори, но затоа тука се камшиците од ВМРО-ДПМНЕ, зборувам за демократски камшици се работи“, рече Гордана Силјановска Давкова – кандидат за претседател.

Давкова исто така истакна дека претседателот не смее да биде понизен пред меѓународната заедница. Зборувајќи за актуелниот претседател Стево Пендаровски таа оцени дека тој ја урнисал преговарачката позиција на државата и на Самитот во Мадрид го прифатил францускиот предлог, без пред тоа да побара широко мислење за преговарачката рамка.
Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button