ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Претседателот да работи за полноправно членство во ЕУ

Мицкоски: Претседателот да работи за полноправно членство во ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, честитајќи и ја кандидатурата за претседател на Гордана Силјановска Давкова, порача наредниот претседател на државата да работи на остварување на стратешкиот интерес – членство во Европската Унија. Мицкоски вели дека неговата партија ќе извојува двојна победа на претстојните претседателски и парламентарни избори и побара поддршка за 61 пратеник во Собранието. Според него, вакво мнозинство е потребно за спроведување економски реформи, за правда и одговорност за сторените криминали, како и за нормално работење на институциите, без никаква уцени и диктати.

„Македонија е изградена врз сонот и тежнеењето на прозападните цивилизациски вредности. Во тој контекст претседателот на државата треба да работи за силна демократизација на процесите и водење на Македонија кон полноправно членство во Унијата како процес со кој се заокружува есенцијалниот напор за долготрајно стабилизирање и зацврстување на постоењето на македонската држава“, изјави Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button