ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Три минимални плати за да се преживее месецот

Три минимални плати за да се преживее месецот

Цените веќе не се загарантирани, и со тоа почна нивниот раст. Растот на цените за некои производи за храна и пијалоци, се очекува веднаш да ја зголемат цената на потрошувачката кошничка. Минималната плата е 20.175 денари, а со покачувањето, се очекува во март да изнесува 22.500 денари, што значи дека ќе бидат потребни над три минимални плати за да се помине месецот. Потрошувачката кошница заедно со станбените трошоци се проценува на околу 1.185 евра за четиричлено семејство.

„Не треба да се покачат цените, тоа е катастрофа за народот. Мали пензии, ниски плати, нема каде да одиме. Треба да видат малку и за нас, не само за себе, да ги зголемиме платите, бидејќи Бујар Османи вели дека не му стигнува неговата плата. Не е добро да се слушне тоа, лошо зборува за него. Тој мора да биде на чело на народот.“

„Скапо! Нема живот. Едвај излегуваме на крај. Колку трошите за еден месец? Човек троши колку што има, но тешко на оној што нема. Како ќе излезете на крај? Решњението е во Божји раце, бидејќи ја изгубивме надежта.“

Просечната плата во моментов е околу 40 илјади денари, што значи дека нешто повеќе од две просечни плати треба да се потрошат само за основни работи. Минималната пензија сега е 13.162 денари, што значи дека за возрасните без дополнителна помош не можат да се обезбедат ниту со лекови. Најмногу пензионери во Македонија, или 97 илјади, добиваат минимална пензија, до 13 илјади денари. Околу 19% од населението се пензионери, или секое петто лице во земјата е пензионер .

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button