ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Околу 400 ученици од Основното училиште „Сами Фрашери“ во Пирок, Боговиње секојдневно се изложени на ризик од одрони.

Околу 400 ученици од Основното училиште „Сами Фрашери“ во Пирок, Боговиње секојдневно се изложени на ризик од одрони.

Поради свлечиште речиси секојдневно со страв одат на училиште околу 400 ученици од ОУ „Сами Фрашери“ во Пирок, Боговиње. Наставникот Агим Рахими вели дека ризикот е голем. Бара од надлежните да интервенираат што поскоро.

„Навистина сме во опасност. Тоа е второ свлечиште што го гледате зад мене. Минатата година се работеше на нешто и беше прекинато. Ветувањата што ги добивме лани во Тетово беше дека ќе продолжат со работа на потпорниот ѕид и каналот за вода.. Апелирам до надлежните органи да дојдат да ја завршат работата бидејќи имаме 350 ученици кои се во ризик“, рече Агим Рахими, Наставник во о.у. „Сами Фрашери“ Пирок.

Одронот го загрозува не само селското училиште, туку и дел од куќите.

„Овде имаше објект кои беа принудени да го урнат поради тектонски движења кои се поврзани и со атмосферските води. Но, немаме каде да одиме затоа што тоа се наши земјишта, наши куќи, нема каде да одиме, затоа апелираме до општинските и владините органи да го санираат овој проблем или да го стабилизираат теренот”, изјави еден жител.

„Пред неколку години беше навистина опасно, земјата се сруши и се отворија многу јами. Ова не е од денес, од времето кога бев ученик јас, истата опасност е само што сега опасноста е уште поголема, почна да лизга уште повеќе. Некои ја напуштија својата земја, некои куќи се празни“, рече еден жител.

„Проблемот со свлечишта овде во селото Пирок во општина Боговиње започна пред три децении, а првата куќа што се урна во одрон се наоѓаше овде, но веќе не постои. Жителите беа принудени да се евакуираат за да најдат побезбедно место. Жителите триесет години бараат решение за овој проблем и од локалната и од централната власт, но триесет години нема решение“, известуваа Башким Сулејмани, новинар

Од општина Боговиње во февруари ни рекоа дека заедно со УНДП работат на решавање на овој проблем и дека наскоро ќе продолжат со работа.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button