ВЕСТИРЕГИОН

Околу 20 повредени во несреќа на косовски автобус во Австрија

На автопатот кај местото Еугендорф во Австрија се случи сообраќајна несреќа во која учествувал автобус со косовски регистарски таблички. Околу 20 лица се повредени, како што јавува агенцијата АПА.

Според фотографиите кои ги објавија австриските медиуми, автобусот е на компанијата „Арменд Турс.“ Никој од компанијата не одговори на повиците на Радио Слободна Европа.

Веднаш по несреќата на лице место излегле Црвениот крст и противпожарните екипи.

„Во моментов имаме информации за тројца тешко повредени и 16 полесно повредени“, изјави за АПА портпаролката на Црвениот крст Роберта Танер.

„Засега нема извештаи за жртви“, додаде таа.

„Несреќата се случила околу 3 часот наутро на автопатот, кога автобусот со околу 25 патници најверојатно удрил во бетонска граница. Засега не се познати причините за несреќата“, изјави портпаролот на полицијата Ханс Волфгрубер.

Сите повредени се префрлени во државната болница во Салцбург.

Волфгрубер изјавил и дека автобусот сообраќал на релација Косово – Хановер, Германија.

„Тоа се патници од Косово“, рече тој.

Местото на несреќата е затворено за сообраќај, а автобусот се уште е на местото каде што се случила несреќата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button