ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Општина Тетово реагира за поставени бисти на партизани од НОБ

Општина Тетово ја обвинува Владата дека преку Министерството за култура и Музејот во Тетово се обидува да поттикне омраза кај граѓаните со поставувањето на бисти на двајца херои од комунизмот, Ѓоце Стојчевски и Тодор Циповски. Локалните власти велат дека Музејот не побарал дозвола од општината да ги постави бистите во дворот на институцијата и тоа го констатирала и инспекцијата.

„Парцелите на кои се наоѓаат бистите на борците од Втората светска војна се сопственост на Музејот во Тетово и за ова е одговорна владата предводена од Талат Џафери, поточно министерството како основач на оваа национална установа, што значи дека овие бисти незаконски ги поставил техничкиот премиер Талат Џафери. Дозвола за поставување на бистите дава општината, а општината нема дадено никаква дозвола. Во овој случај општината го обработува она што инспекторатот го нашол на терен“, рече Бесарта Рамадани, портпаролка на општина Тетово.

Директорот на музејот Мичо Стојчески вели дека бистите биле поставени по повод годишнината од основањето на Комунистичката партија и привремено ќе бидат на тоа место. Според него, општината во овој случај не е надлежна да дава дозвола за нивно поставување.

Бистите на Ѓоце Стојчевски и Тодор Циповски до 2007 година се наоѓаа на плоштадот Илирија во Тетово, но тогашниот состав на општината реши да бидат тргнати.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button