ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи денеска во Берлин, утре во Софија

Османи денеска во Берлин, утре во Софија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска, ќе престојува во работна посета на Сојузна Република Германија, каде што ќе има средба со државната министерка надлежна за Европа, Ана Лирман.

Османи во германскиот Бундестаг ќе се сретне со Михаил Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи, и со Антон Хофрајтер, претседател на Комисијата за ЕУ прашања. Агендата на министерот Османи предвидува и средби со советниците на германскиот Канцелар Олаф Шолц – Јенс Плотнер, за надворешна политика, и Ундине Руге, за ЕУ прашања.

Целта на посетата е да се реафирмира германската позиција во однос на нашето европско досие и поддршката во однос на итната потреба од деблокирање на пристапниот процес со ЕУ.  Се очекува на средбите да бидат разменети мислења и за регионалната динамика, како и за безбедносната состојба на европскиот континент, во светло на новите геополитички предизвици, соопшти МНР.

Од Берлин, министерот Османи утре ќе отпатува за Софија.

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button