ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи: Димплатите и набљдувачите од Македонија, остануваат во Украина

Дипломатските напори за избегнување на ескалација на ситуацијата во Украина досега не беа успешни. Во телефонскиот разговор што траеше околу еден час во саботата, американскиот претседател Џо Бајден му рекол на рускиот претседател Владимир Путин дека руската инвазија на Украина „ќе предизвика големо страдање “ и „ќе ја намали позицијата на Русија во светот. Бајден повторил дека САД и нивните сојузници „одлучно ќе одговорат“ доколку Русија изврши инвазија, што ќе има „брз и тежок одговор за Русија“.

Русија побара гаранции од НАТО дека ќе ја запре експанзијата кон исток, вклучително и Украина. САД и НАТО ги отфрлија руските барања, но понудија дипломатски патишта за решавање на кризата. Според соопштението објавено од Кремљ, Русија верува дека САД не ја земале предвид загриженоста на Москва, па затоа „ќе одговори наскоро“. Русија распореди повеќе од 100.000 војници на границата со Украина, но негираше било какви планови за инвазија.

На земјите кои ги повикаа своите граѓани да ја напуштат територијата на Украина поради страв од можна ескалација им се придружи и Северна Македонија. Околу 100 граѓани на земјата моментално се на територијата на Украина. Официјално Скопје го организираше враќањето во земјава на семејствата на двајцата дипломати од амбасадата во Киев, но дипломатите засега ќе останат таму. На должност во Киев ќе останат и 30 набљудувачи од Северна Македонија во специјалната мисија на ОБСЕ за следење на ситуацијата. Во случај на потреба од МНР велат дека подготвиле план во координација со сојузничките земји за нивна евакуација.

За уште 40 други граѓани на Северна Македонија и околу 30 членови на нивните семејства кои се претежно украински државјани, МНР го повтори апелот да се користат комерцијални летови за напуштање на земјата.

Граѓаните на Северна Македонија во Украина
2 дипломати и нивните семејства
30 членови на набљудувачката мисија на ОБСЕ
Уште 40 граѓани и 30 членови на нивните семејства

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека следната недела ќе бидат изработени конкретни планови за економските и безбедносните последици што може да ги има врз земјава евентуалната ескалација на ситуацијата во Украина .

„Баравме и ги анализираме економските и финансиските последици од ескалацијата на конфликтот таму и и на крајот од нашето приклучување, за можните санкции против Русија и сличен чекор на Русија овде. Следната недела се закажани состаноци на безбедносните служби но и на институциите кои се справуваат со економските последици од евентуална ескалација за да можеме да излеземе со конкретни планови на овој план“, рече Бујар Османи, министер за надворешни работи. /Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button