ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Многу училишта се соочуваат со недостиг на кадар по предметите по математичко-природни науки

Висината на плати во основното и средното образование и недоволното непочитување на професијата наставник се претпоставува дека се главните фактори за недостигот на кадар по математика и природни науки. Александар Скепаровски, декан на Природно-математичкиот факултет, рече дека треба да се направи длабинска анализа низ државата за точно да се разберат причините за недостигот на кадар и недоволниот број студенти на овој факултет.

„Сега можеме само да нагаѓаме кои се причините и ако треба да направиме таква претпоставка, секако има комбинација од повеќе фактори. Еден од нив претпоставувам е висината на платите на наставниците во основното и средното образование, но тоа секако не е главната причина. Сметам дека нивниот општ статус треба да се подобри и во овој случај медиумите би имале значајно влијание“, изјави Александар Скепаровски, декан на Природно-математички факултет.

Слично мислење има и наставникот по математика од Тетово, Исмали. Тој дури бара и намалување на фондот на часови за наставниците по математичко-природни предмети.

„На пример, ако ангажманите на наставниците се од 20 до 24 часа, ангажманот на наставниците по природно математички науки, кои се математика, физика, хемија, биологија да биде од 16 до 20 часа за да има мотив плус за наставниците и идните професори. Мора да се размислува во фондот на часови. Дури и оние кои почнуваат со студиите, по година-две, ги прекинуваат затоа што гледаат какви предизвици ги чекаат”, рече Сатки Исмаили, наставник по математика

Математика, физика, хемија, биологија, историја и географија се предметите кои се соочуваат со недостиг на кадар во основните и средните училишта. Во некои од нив учениците веќе неколку недели по ред остануваат без настава бидејќи тешко се наоѓа замена. Од Министерството за образование веќе се изјаснија дека недостигот на кадар е поради ненавремените инвестиции на одредени факултети. /Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button