ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи на министерски состанок со земјите од Вишеградската група и Западен Балкан

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска во Познањ ќе учествува на годишниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Вишеградската група – В4 и земјите од Западен Балкан – ЗБ6. Состанокот е организиран во рамките на Полското претседавање со Вишеградската група.

На состанокот се очекува да се отвори дискусија за последните случувања поврзани со процесот на проширување на ЕУ, регионалната соработка и пост-пандемиското економско заздравување на регионот. Имајќи ја предвид важноста на ЕУ интегративниот процес, од страна на Европската Комисија на овој состанок ќе учествува еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји, а ќе бидат присутни и министрите за надворешни работи на Словенија и Хрватска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button