ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи: Штом се формира влада во Софија интензивно ќе се ангажираме за пробив уште во септември

Откако ќе се формира новата Влада во Софија, после 15 август ќе се интензивираат разговорите со цел да се направи евентуален пробив уште во септември, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање за преговорите со Бугарија.

– Можеме интензивно да се ангажираме за евентуален пробив уште во септември. Доколку има политичка волја да се разреши ова прашање што негативно влијае и на позициите на Бугарија воопшто, мислам дека може да се најде начин, а германското и португалското претседателство покажаа дека има решение. Тие предлози ги презеде словенечкото претседателство и се надеваме дека штом се формира влада после 15 август ќе можеме интензивно да се ангажираме за евентуален пробив уште во септември. Меѓутоа, не сакам притоа да ги кренам очекувањата на јавноста по однос на ова прашање. Тоа што ние работиме ние сме конструктивни, подготвени да влеземе во сериозен дипломатски ангажман за да ги надминеме разликите во рамки на позициите коишто ги има државата, што вчера уште еднаш се потврдија во Собранието, рече Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button