ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи: Тврдењата на ДКСК се неосновани

Наспроти тврдењата на Антикорупциската комисија дека возила на МНР се користеле во партиски цели, шефот на дипломатијата Бујар Османи негира. Од Антикорупциска ставовите ги темелеа на извештај од внатрешната ревизија на Министерството, според кој, било констатирано дека во изборниот период МНР имало 15 свои возила и две позајмени од Агенцијата за разузнавање, но за нив не се водела никаква евиденција и не може ниту да се докаже колку гориво потрошиле. Сепак, верзијата на Османи е спротивна.

„Во нашиот случај, во МНР, нема таков извештај како што беше коментирано во јавноста, во којшто некој внатрешен ревизор констатира, напротив, внатрешниот ревизор вели дека во споредба со минатото има ред. // Нема таков извештај, веројатно е погрешна интерпретација“, вели Османи.

Осамни одговори и на критиката од шефицата на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, дека тој патувал и држел партиски активности во работно време, во предизборието.

„Јас сум, за време на кампања, во работно време бил на партиска прес-конференција. Значи политичар за време на работно време бил на партиска прес-конференција… мојот одговор беше „па и јас имам право на пауза како што има секој граѓанин“. Можеби таа пауза сум ја искористил“, рече Османи.

Од Антикорупциска претходно кажаа дека ќе побараат вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска да покрене иницијатива за одговорност за Османи. Засега нема одговор дали ваква иницијатива ќе биде покрената.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button