ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Партиите ветија позитивна кампања, но првата недела експертите ја оценуваат за негативна

Во првата недела од кампањата за локалните избори експертите со забелешки до партиите и политичките лидери. Комуникологот Магдалена Михајловска оценува дека политичарите во своите јавни настапи се обидуваат да се покажат како позитивни, но во реалноста водат негативна кампања која се очекува дури и да се засили кон крајот на кампањата.

Комуникологот Бојан Кордалов, вели дека во првата недела, освен што се промовирале, партиите ниту на социјалните мрежи не штеделе обвинувања за политичките опоненти.

Освен реториката со обвинувања и навреди кон политичкиот противник, во првата недела од изборната кампања се случија и инциденти. Имаше вандализам на билборди и пукање со огнено оружје за време на собири. Инаку, неколку дена пред почетокот на кампањата, партиите-учеснички потпишаа договор за позитивна и фер кампања.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button