ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Партиски обвинувања кој имал средби со Мијалков

Мијалков во притвор, партиите во меѓусебни обвинувања кој бил поблизок до екс шефот на тајната полиција, деновите пред да биде донесена пресудата за Таргет – Тврдина. Од СДСМ обвинија дека Христијан Мицкоски, Александар Николовски и Влатко Ѓорчев биле чести гости во хотелот Мериот во изминатите недели каде што организирале и партиски собир.Од  владејачката партија, го повикаа лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски, да каже дали имал средби со Мијалков.

„Можеби поради долгот на Мицкоски кон Сашо Мијаков кој заедно со Груевски го поставија на чело на ВМРО-ДПМНЕ? Јасно е дека спрегата Мериот-Белата палата сè уште раководи со ВМРО-ДПМНЕ. Оттука и целата нервоза и паника во белиот дворец по донесената пресуда за предметот „Тврдина – Таргет“. Мицкоски не успеа да го спаси криминалот на режимот, не успеаја намерите да ги спаси од одговорност“

Од ВМРО ДПМНЕ вoзвратија со контраобвинување дека средба со Мијалков имал Заев на која му била ветена слобода, а за возврат било побарано тој да креира проблеми во ВМРО ДПМНЕ. Во врска со партискиот собир кој се одржал во хотелот, тврдат дека не тие не биле  организиратори.

„Ако СДСМ има нешто против меѓународната заедница и Шведска нека каже. Настанот во хотелот Мериот е организиран од страна на шведската фондација Јарл Халмарсон, која ја поддржува ВМРО-ДПМНЕ и помага при градење на кадри и политики, доколку СДСМ има проблем со тоа нека каже. СДСМ не треба да заборави дека Сашо Мијалков е таму каде што е заради притисокот на ВМРО, народот и меѓународната заедница. Да се прашуваше Зоран Заев, Сашо Мијалков сè уште ќе беше на слобода.“

Мијалков останува во притвор до крајот на април, каде ги отслужува 60 дена притвор кој ги доби за „Таргет – Тврина“ . Ова не е единствен случај против Мијалков. Според информации на Алсат привршува судењето за нечовечкото апсење на Љубе Бошковски, случајот „Тортура“. На ова судење треба да дадат одбрана обвинетите припадници на тогашната полициска единица „Алфи“ и ако нема дополнителни докази, ќе следуваат завршните зборови. Во овој случај Мијалков се гони со обвинителен акт, што значи дека за овој случај обвинителството во зависност од пресудата, би можело да побара притвор се до правосилноста на евентуалната казна. Во меѓувреме ќе се чека правната разврска за Таргет – Тврдина – жалбите на адвокатите и одлуката на Апелација. Мали се шансите Апелација да донесе финална пресуда пред истекот на 60 дневниот притвор на Мијалков.

Igor Stefanovski

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button