ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почна расправата за интерпелацијата за Џафери, седницата ја води Мисовски

Почна расправата за интерпелацијата за Џафери, седницата ја води Мисовски

Со 82 гласа „за“ од 84 присутни, пратениците го усвоија дневниот ред за денешната пленарна седница со единствена точка – интерпелација на спикерот Талат Џафери. На почетокот на седницата, Џафери кажа дека предложил интерпелацијата да биде единствена точка денеска, со оглед на фактот дека трае цел ден и завршува на полноќ.

„Паднаа во вода сите шпекулации дека ќе има/нема кворум, ќе се избегне интерпелацијата или не. Зaради коректноста, бидејќи оваа точка се однесува на мене, по усвојување на дневниот ред со седницата ќе преседава потпретседателот. Сакам на старт да прашам зошто денеска ми се дава образложението за интерпелација? Првиот потписник на интерпелацијата, Антонио Милишоски е пријавен 27ми за збор. Не разбирам“, кажа Џафери.

Интерпелацијата ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ. Пратениците од опозициската партија не очекуваат таа да биде изгласана и Џафери да замине од функцијата, но сепак сметаат дека тој треба да одговара пред граѓаните за својата работа. Го обвинуваат дека континуирано го прекршува Деловникот на Собранието.

Седницата може да се следи во живо на јутјуб каналот на Собранието.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button