ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Покојниот Реџаил Ќерими чекаше повторно судење за случајот Алфа

Реџаил Ќерими почина на 53-годишна возраст. Поранешен војник на ОНА и поранешен затвореник во ‘80-тите години за албанските паралели во Куманово, почина чекајќи правда за случајот „Алфа“. Ќерими беше уапсен во 2008 година под сомнение дека во ноември истата година на паркингот кај Природно-математичкиот факултет во Скопје убил полицаец и повредил уште двајца, сите припадници на полициската единица „Алфа“.

Една деценија по судската пресуда со која Реџаил Ќерими и Агим Ислами беа осудени на доживотен затвор, на виделина излезе видео-снимка која беше најсилен доказ во обвинението против него. Иако Јавното обвинителство, Бирото за правни вештачења и МВР соопштија дека немаат можност да ја откријат видео снимката, обвинителството никогаш не објасни како Ќерими и Ислами биле идентификувани како сторители и осудени на доживотен затвор сè додека снимката не беше откриена во фото-граметрична и антрополошка фаза.

Во јуни 2021 година, одбраната во случајот „Алфа“ направи вештачење за видео снимката. Центарот за форензички истражувања во Србија утврди дека лицата кои издржуваат доживотна казна затвор во случајот „Алфа“ немаат врска со лицата од видео-снимката. Скоро една година Кривичниот суд и Јавното обвинителство ја одолговлекуваат постапката за повторно судење на предметот, иако Законот за кривична постапка гарантира дека по доказите кои носат нови моменти, предметите одат на повторно судење.

Кривичниот суд денеска ја чека одлуката на Апелација по жалбата на другиот осуденик во случајот, Алмир Дрпљанин, кому му се судеше во отсуство, а потоа беше екстрадиран во земјава. Не беше побарано мислење ниту од Јавното обвинителство, како орган за кривично гонење кој обвинението го засноваше на видео-снимката. Конкретно мислење не е побарано ниту од Бирото за вештачење, па одбраната, осудените и семејствата се во исчекување.

Кривичниот суд во последното соопштение потенцираше дека по комплетирањето на документацијата ќе се бара мислење од Јавното обвинителство и Бирото за подоцна да се одлучи дали предметот „Алфа“ оди на повторно судење или не.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button