ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Укинувањето на Пржинската влада влегува на седница во Парламентот

Предлог-измените на Законот за владата со кои се предвидува укинување на моделот на техничка влада на 100 дена пред секои парламентарни избори е веќе преведен и дистрибуиран до пратениците. Пратениците ќе имаат можност да видат кои се конкретните цели на ВМРО-ДПМНЕ преку оваа иницијатива. Претседателот на Собранието Талат Џафери за Сител најави дека законот ќе се најде на дневен ред на следната седница.

СДСМ и ДУИ поддржуваат да се укине Пржинската влада, но инсистираат измените да се направат со консензус. Како ќе се постигне тоа сè уште е нејасно. Политичките партии не потврдуваат дали координаторите на пратеничките групи ќе се согласат да ја потпишат опозициската иницијатива за да докажат дека има консензус или консензус ќе се постигне преку лидерска средба. Засега ниту од СДСМ, ниту од ВМРО-ДПМНЕ не посочуваат дали во некоја блиска иднина во агендата на нивните лидери има евентуална средба. Димитар Ковачевски пред да стане премиер најави средба со Христијан Мицкоски, а тој пак, средбата ја услови со темата за предвремени парламентарни избори.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button