МАКЕДОНИЈА

Половина час се борел со мечката и извлекол жива глава

Шеесет и едногодишниот Цане Србиновски, кој пред неколку дена беше нападнат од мечка, денеска го посети директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Раскажувајќи го инцидентот, Србиновски, жител на селото Дреновци во општина Долнени, раскажува како се соочил со мечката и дека за среќа се спасил со само неколку повреди. Меѓу другото вели дека со мечката се борел околу половина час држејќи ја за уши, а како што додава Бог му дал сила и се спасил.

61-годишен маж од општина Долнени преживеал само со повреди на ногата и сега е на домашно лекување. Проблем со мечките имаа и жителите на општина Маврово Ростуша- тие го напаѓаат добитокот, па дури и влегуваа во куќите на жителите. Пред извесно време беше нападната уште една повозрасна жена од селото Ростуше, која за среќа поминала неповредена.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button