ВЕСТИЗДРАВСТВО

Детска клиника: Обезбеден е лекот Трикафта за деца над 12 години

Детската клиника во Скопје во моментов се соочува со недостиг на медицински сестри, и покрај отворањето на 14 нови работни места пред почетокот на изборниот процес. Раководниот тим на оваа институција на средба со новинарите рече дека веќе имаат недостиг и од административен кадар, кој како и здравствените работници ја напушта државата. Според директорката на Детската клиника, Валентина Цвејоска Чолаковска, нема недостиг од лекари.

Исто така, директорите на Клиниката информираат дека кога станува збор за ретката болест цистична фиброза, лекот „Трикафта“ е обезбеден за деца над 12 години.

Од 1 јануари до денес, во Македонија се регистрирани 410 лица заболени на пертусис и само шест од нив се лекувани на Детската клиника. Оние кои биле на болничко лекување се претежно бебиња. Во моментов, па и во текот на последните неколку дена во оваа клиника нема деца со пертусис или со слични симптоми.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button