ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полскиот премиер: Ќе испорачаме тенкови „леопард 2“ во Украина

Германското одобрение за тенковите „леопард 2“ не е примарно, па дури и без тоа одобрение, Полска би можела да ѝ ги достави на Украина како дел од коалицијата на земји, изјави полскиот премиер Матеус Моравјецки.

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници не успеаја минатата недела да го убедат Берлин да дозволи тенковите „леопард 2“ да бидат испратени до линијата на фронтот, а тешките тенкови Украина ги гледа како клучни за успехот во борбата против рускиот агресор. Полска е првиот поборник за испорака на леопарди и ги повикува земјите што ги имаат овие германски тенкови да ги испратат во Украина, дури и без одобрение од Берлин.

„Ќе ја побараме таа дозвола, но тоа е помалку важно. Дури и ако не добиеме дозвола… ние сепак ќе ги испорачаме нашите тенкови во Украина заедно со другите земји. Сега треба да формираме мала коалиција на земји“, изјави премиерот Моравјецки за новинарите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button