ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата планира закон за преговори за членство во ЕУ

Владата е подготвена да предложи Закон за преговори за членство во ЕУ, соопшти вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во презентацијата на информации за напредокот на скрининг-процесот. Тој денеска се осврна и на затворањето на првиот кластер, основните права и почетокот на билатералниот скрининг, кластерот за внатрешниот пазар.

Пратеникот на Алијансата за Албанците Халил Снопче рече дека во моментов нашата земја нема имиџ на земја-кандидат за членство во ЕУ.

„Без одложување да се подготвува новата стратегија за реформи во правосудството 2023-2027 година, имплементација на стратегиите за човечки ресурси во судството и јавното обвинителство, целосно функционирање на системот за судски предмети и нов закон за Академијата за судии и обвинители“, рече Снопче.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска рече дека интеграцискиот процес треба да биде дијалог.

На презентацијата на информациите за скрининг-процесот присуствуваа и дипломати и претставници на граѓанскиот сектор.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button