ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пописот на населението се одложува за септември

Пописот на населението ќе се одложи за септември. Двајцата лидери на македонските политички партии Зоран Заев и Христијан Мицкоски на средбата во Клубот на пратениците денеска се согласија дека приоритет треба да се даде на имунизацијата на населението.

Премиерот го промени досегашниот став според кој одложувањето на пописот за неколку месеци нема да донесе никаква промена во врска со состојбата со вирусот. Мицкоски на средбата добил уверување од Заев дека најголемиот број вакцини во земјава се очекува да пристигнат во април и мај.

Политичките партии ќе најдат законски решенија за одложување на датумите за спроведување на теренскиот попис, кој требаше да започне на 1 април, а според начелно договореното, ќе треба да се помести од 5 до 30 септември. Електронскиот попис на дијаспората кој започна на 1 март, ќе продолжи да важи и ќе остане отворен до 30 септември. Заев изјави дека немаат намера да ја менуваат пописната методологија или другите одредби од законот, освен оние што се однесуваат на роковите. Според него, за ваквата одлука се консултирал со претседателот Стево Пендаровски, директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски и со лидерите на ДУИ, Али Ахмети и на БЕСА, Биљал Касами.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button