ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Повеќето граѓани сметаат дека државата се движи во погрешна насока

Истражувањето спроведено од Центарот за европска стратегија „Евротинк“ истакнува дека 72 отсто од граѓаните оценуваат дека државата оди во погрешна насока. 71 отсто сметаат дека институциите лошо ја водат борбата против корупцијата.

Јавното мислење покажа дека генерално има нов пад на довербата на граѓаните во институциите. Војската го држи првото место за доверба како и вообичаено, потоа следуваат верските институции, а полицијата на трето место. Сепак, 70 отсто од испитаниците сметаат дека полицијата не е независна од партиски и бизнис интереси.

Многумина од испитаниците сметаат дека односот на ЕУ кон С Македонија е некоректен, додека Русија за опасност ја сметаат само за 4 отсто од анкетираните. Голем дел од нив ја гледаат Бугарија како најголема опасност.

38% од граѓаните сметаат дека во текот на оваа година ќе се направат уставни измени, додека 39% сметаат дека овие измени нема да се случат годинава.

Анкетата била спроведена телефонски со 1.006 испитаници во декември минатава година.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button