ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пожарникарите од регионов „растрчани“ од држава во држава, од ЦУК тврдат – имаме доволно тимови

По заминувањето на српските хеликоптери за гаснење пожари, утрово од земјава си замина и територијалната единица на пожарникари од Бугарија. Неколку часа подоцна дојдоа нови неколкумина пожарникари од Смолјан. Додека земјата сè уште се соочува со оганот, екипите за помош од Словенија, Австрија и Романија и понатаму се тука.

Евроамбасадорот Давид Гир, придружуван од австрискиот амбасадор, в.д. амбасадорите на Словенија и Романија ги посетија странските пожарникари.

„Длабоко сум импресиониран од посветеноста на различните тимови од Бугарија и Словенија, но и од посветеноста на заедницата и локалните служби. Тие нè информираат за ситуацијата…“

„Климатските услови во некоја форма нè спречуваат да имаме постојан и континуиран успех врз сите пожари. Се обидуваме со сите сили што ги имаме, со сите капацитети на членовите на екипите на Дирекцијата за заштита и спасување, пожарникарите, шумарите и локалната самоуправа да се справат на најдобар можен начин.“

Пред два дена трите српски противпожарни хеликоптери ја напуштија земјава и заминаа да ги гаснат пожарите околу Атина.

MEfail ISamili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button