ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пожарот, предизвика голема штета

Ден по пожарот во хотел во скопската чаршија се проценува причинетата штета, додека се истражуваат причините за пожарот.

„Ситуацијата во хотелот во скопската чаршија, кој вчера беше зафатен од пламени јазици, денеска е мирна. На терен се полициските екипи кои вршат вештачење за да се утврдат причините на пожарот, кој за среќа, не одзеде човечки жртви туку нанесе само материјална штета“, изјави новинар на Алсат,  Мефаил Исмаили
Од МВР велат дека работат во опожарениот хотелски објект.

„Пожарот избувнал во кујната во хотелот. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица во Скопје додека од пријавените, на седум лица им е укажана помош во комплексот на Клиниката „Мајка Тереза“ или во други болници. На повеќе луѓе им била понудена медицинска помош на местото на настанот. По наредба на обвинителството е извршено вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, МВР

Од Министерството за здравство за Алсат соопштуваат дека во болниците во главниот град помош побарале околу девет лица.

Четири лица побарале помош во болницата „8 Септември“ поради повреди и изгореници, но по укажаната соодветна нега се пуштени дома. На Одделението за токсикологија помош побарале 5 лица кои биле задушени од чадот. Четворица се во добра состојба и се пуштени дома, додека едно лице кое најверојатно е пожарникар се уште е во болница, но во добра здравствена состојба.
Вчера беше опожарен хотелот во Старата скопска чаршија. Сведоците со кои разговараше Алсат велат дека прво се слушнала експлозија, а потоа пожарот брзо се проширил. /Алсат.мк

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button