ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Спречен пожар од поголеми размери во Берово

Спречен пожар од поголеми размери во Берово

Спречен пожар од поголеми размери во Берово. Пожарот зафати мала куќарка во самото градското подрачје, а неговото ширење според очевидци навреме било спречено од беровските пожарникари.

Во гаснењето како што информираше Сашко Руменовски, командир на беровската Територијална противпожарна единица, учествувала дежурна екипа од единицата која имала припомош од граѓаните.

– По брзата интервенција на ТППЕ Берово, пожарот кој избувна во малата куќарка е ликвидиран. Се гасеше со едно противпожарно возило и нашата дежурна екипа кои спречија ширење на пожарот, рече Руменовски.
Причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button