ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Предизборни ветувања има еден куп, но „немаат печат“

Иако предизборната кампања е при крај, граѓаните не веруваат во многу од ветувањата на кандидатите за градоначалници дека ќе ги реализираат проектите. На прашање на Алсат, граѓаните со кои зборувавме ни рекоа дека пред избори се ветува многу, но никој не дава гаранција дека потоа сè ќе се исполни.

„Сите проекти се добри, но треба да се реализираат. Тука е проблемот“, вели еден од анкетираните граѓани.

„Со години не решија ниту еден проект, па сега ќе решаваат…“, додаваат граѓаните.

Експертите од областа велат дека очајот и недовербата кон граѓаните уште повеќе расте бидејќи партиите и кандидатите за градоначалници не нудат вистински изборни проекти, туку список со желби со кои мислат дека одговараат на потребите на граѓаните.

Според Пачемски, ваквото однесување на партиите води кон губење на довербата кај граѓаните.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button