МАКЕДОНИЈА

Претседателот Пендаровски го прими евроамбасадорот Дејвид Гир

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, соопштија од претседателскиот Кабинет. Во соопштениоет меѓудругото се наведува:

На средбата беа разменети мислења и информации за европските перспективи на Република Северна Македонија, за можностите за отпочнување на пристапните преговори за членство во Европската Унија и за текот на имплементацијата на реформите во насока на исполнување на европските стандарди.

„Целосната интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е суштинска гаранција за натамошен демократски развој, стабилност и просперитет на регионот. Ниедна земја членка на Унијата не смее преку поставување на ирационални барања да ја доведува во прашање европската иднина на нашиот народ“, посочи на средбата претседателот Пендаровски, додавајќи дека само преку дијалог и почитување на принципите и темелните вредности на Европската Унија и на меѓународното право, може да се надминат билатерални разлики и предизвици.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button