ВЕСТИСВЕТ

Припадник на ИСИС е убиен од американските сили во Авганистан, откако се сметаше за организатор на друг напад надвор од аеродромот во Кабул

Американската војска изврши напад против припадник на ИСИС кој беше осомничен дека подготвува нови терористички напади во источната провинција на Авганистан, Нангахар. Акцијата доаѓа по предупредувањата за можни понатамошни терористички напади во последниот обид за евакуација на цивили и странски сили од Кабул. Нападот врз припадникот на ИСИС бил извршен со дрон додека бил во автомобил. Американските власти објавија дека според нивните сознанија, во нападот нема повредени цивили.

Воздушниот напад во Нангархар се случи еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе возврати за терористичкиот напад во четвртокот во кој загинаа 13 припадници на американската служба и најмалку 170 други пред меѓународниот аеродром во Кабул.

Американското министерство за внатрешна безбедност истовремено следи три клучни закани, вклучително и на поединци  кои се поврзани со ИСИС или Ал Каеда а кои би можеле да го користат процесот на евакуација како начин за влез во САД.

Процесот на евакуација веќе влезе во завршна и најопасна фаза. На САД и нивните сојузници им остануваат уште три дена до крајниот рок за нивно целосно повлекување. Како што минува времето, талибанците наводно заземаат се повеќе делови од аеродромот во Кабул. Сепак, Пентагон објави дека Талибанците не поседуваат ниту еден од воените делови на аеродромот каде што се случува евакуацијата.

Само во последните две недели, повеќе од 111.000 луѓе беа евакуирани од главниот град на Авганистан, откако талибанските милитанти ја вратија контролата врз државата по 20 години.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button