МАКЕДОНИЈА

Приведени двајца разбојници во Скопје, веднаш по извршеното кривично дело

Денеска (03.01.2022) на бул. Крсте Мисирков во Скопје полициски службеници од СВР Скопје приведоа двајца разбојници, А.Х. (25)  и малолетник, двајцата од Скопје, постапувајќи по добиена пријава во 18.07 часот дека на територија на општина Аеродром тие со закана од малолетник одзеле мобилен телефон и паричник. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, разбојниците се пронајдени и приведени во ПС Бит Пазар, а кај едно од лицата е пронајден мобилниот телефон. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button