ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приведено е лице од Грчец, баран со меѓународна потерница

Министерството за Внатрешни Работи спроведе полициска акција во скопското село Герчец, при што е уапсен Е.З.(21) од ова село. Апсењето доаѓа откако по него беше распишана и меѓународна потерница за случајот „Планина“

“Денеска (09.02.2022) околу 16 часот во Сарај од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје приведен е Е.З. (21) од с. Грчец, скопско, кој се барал со меѓународна потерница од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради истрага за ОА „Планина“ по член 215. Лицето ќе биде предадено на надлежното обвинителство, се вели во соопштението на МВР.

 

Лицето е веќе предадено на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button