ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Проблем со наплата на даноци во Центар Жупа, граѓаните се иселени

По Арачиново кое е со нула денари наплатен данок на имот, малата општина Центар Жупа, според истражување на Центарот за граѓански комуникации од Скопје е друга од општините со најмала наплата од овој данок. Процентот на наплата во периодот од 2017 до 2019 година таму изнесува 36%. Но, според градоначалникот, Арјан Ибраим, овие податоци не се точни. Во 2018 година вели дека биле наплатени 62% од фирми и 63% од граѓаните.

„За 2019 година е слично. Во проценти изразено, данок на имот за правни лица е 70%, додека данок за имот за физички лица 80%. Имаме пад на исплата за 2020 година. Тоа е логично бидејќи нашата општина беше првата погодена со корона вирусот…“, изјави Арјан Ибраим-градоначалник на Центар Жупа.

„На само петнаесетина минути оддалечено од Дебар, Центар Жупа брои околу 10.000 жители, но поголемиот дел или 70%-75% од нив, живеат во западноевропските држави, најмногу во Италија.“

Поради тоа, од локалната власт велат дека не можат секогаш на време да ги достават решенијата за наплата.

„И ги чекаме странците, нашите печалбари најповеќе во август, кога ќе дојдат еден дел од останатите, решенија им ги даваме. И мислам дека имаме еден проблем со законот бидејќи самите ние го прекршуваме времето за доставување на тие решенија до граѓаните“, рече Арјан Ибраим-градоначалник на Центар Жупа.

Граѓаните на Жупа не беа расположени за разговор. Само ни рекоа дека иако редовно ги подмируваат давачките, во овој дел на Македонија нема можност за пристоен живот.

„Јас данок плаќам редовно. Има ли жители кои не плаќаат? Не знам, не можам да речам. Може ли за тебе нешто да речам, бидејќи и утре сакам пак да се сретнам“, изјави жител на Центар Жупа.

Во времето на поранешна Југославија, по основ на повеќе закони, како ридско-планински и неразвиени подрачја овој регион бил ослободен од плаќање на данок на имот. Инаку на ниво на општини, просечната годишна вредност на платениот данок на имот се движи од 2,3 милиони евра во Општина Центар, до нула денари во Арачиново. На дното се Маврово и Ростуше со 27% и Студеничани со 32.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button