ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Проблемот на 100.000 граѓани кои можеа да останат без право на глас поради немање лични карти, ќе се надмине со одредба што ќе се додаде во Изборниот законик

Проблемот на 100.000 граѓани кои можеа да останат без право на глас поради немање лични карти, ќе се надмине со одредба што ќе се додаде во Изборниот законик

Проблемот на 100.000 граѓани кои можеа да останат без право на глас поради немање лични карти, ќе се надмине со одредба што ќе се додаде во Изборниот законик. Поранешниот премиер Димитар Ковачевски изјави дека неговата партија ќе го поддржи ваквиот предлог кој, според него, речиси една година се подготвува во работната група за измени на Изборниот законик.

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, пред неколку дена побара во Изборниот законик да се вметне одредба со која граѓаните ќе можат да гласаат со документ за идентификација, без оглед дали се работи за стара или нова исправа.Правото може да им се оспори и на граѓаните кои ќе наполнат 18 години пред гласањето и за прв пат ќе имаат право на глас. Поради гужвите пред шалтерите за нови документи, Народниот правобранител побара институциите да работат на идентификување на оваа категорија граѓани и да им дадат приоритет при вадењето на нови лични документи. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски изјави дека мора да се најде одредба која ќе го овозможи принципот „еден граѓанин еден глас“. Неофицијално, до крајот на неделава се очекува предлогот за комплетирање на Изборниот законик по кратка постапка да биде доставен до Собранието.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button