ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пензионерите во Тетово се жалат на мали месечни примања

Пензионерите во Тетово се жалат на мали месечни примања

Пензионерите во Тетово се жалат на мали месечни примања. Велат дека со пензиите што ги добиваат не може да се покријат сите трошоци.

„Секој ден кога одите на пазар работите се поскапи и поскапи, ниту еднаш не слушнавме за намалување на цените. Под 30.000 не можеш, јас не можам еден месец, добивам 20.000 но не можам, имам 13.000 струја, што да правам“, рече пензионер.

„Да ви кажам искрено, под 25.000 не може, само линеарниот раст би бил решение, сите сакаме да живееме“, додаде друг.

Министерот за труд и социјална политика се сретна со претставниците на Здружението на пензионери во Тетово, на кои им вети решение.

Но, претседателот на Здружението вели дека вакви ветувања имал во континуитет.

„Без промена на законот за пензии не може да се исполнат нашите барања, како линеарното зголемување на пензиите, бидејќи законот предвидува само процентуално зголемување. Кога има избори доаѓаат функционери, има пари и ветувања, но ветувањата остануваат само на хартија“, изјави Селвер Мемети- Претседател на Здружението на пензионери од Тетово.

Пензионерите во Тетово имаат пониските примања во споредба со другите пензионери во државата, бидејќи повеќето од нив работеле во текстилни фабрики./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button