ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Закон за нелојална трговија-во собрание

Закон за нелојална трговија-во собрание

Предлог законот за спречување на нелојалната трговија во собраниска процедура. На комисијата за европски прашања, го помина второто читање за да продолжи на Пленарна седница. Одбиени се двата амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во оваа комисија рекоа дека законот не ги регулира цените на мало, и можностите за манипулација со трговците се големи. . Тие велат дека и стоката увезена од странство може да се манипулира со фиктивни фактури, наводно купени поскапо за да се зголемат трошоците за нивните трошоци.

Заменик министерот за економија Зоран Маневски рече дека за сите точки се разговарало со здруженијата на потрошувачи и стопанските комори во земјава. Согласно овој закон, нелојалните трговски практики помеѓу добавувачите и трговците се забрануваат така што се ограничува профитот – кој не смее да биде повисок од 10%, а со цел да се намалат малопродажните цени на основната храна, пијалоците и овошјето и зеленчукот./Алсат.мк

Аднан Ќаили

 

Здравко Трајанов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ (мк/20.17-20.53)
. .

Зоран Маневски, заменик министер за економија (мк/14.00-14.57) .“

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button