ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Идризово, без настава на албански

Идризово, без настава на албански

Недозволувањето на наставата по албански јазик од шесто до деветто одделение во основното училиште „Његош“, во Општина Гази Баба, принуди дел од учениците Албанци од Идризово кои се шесто одделение да ја продолжат наставата на македонски јазик. Од Советот на родители за Алсат велат дека од вкупно 13 ученици во шесто одделение, две деца се вратиле на настава по македонски јазик. Останатите своето образование го продолжиле во други училишта во Огњанци, или во Чаир. Министерот за образование, Јетон Шаќири најави дека решението на проблемот ќе се постигне на почетокот на второто полугодие, односно ќе се отвори албанската паралелка за шесто одделение. Пет месеци подоцна, проблемот не е решен.

„Допис до кога децата ќе останат тука, немаме. Кога ќе пристигне допис, тие ќе одат во нивното училиште ако се исполнети условите таму. Ако не, ќе останат тука, ако треба до крајот на учебната година, а за догодина ќе видиме. Редовни деца се, имаат организиран превоз, доаѓаат со родителите, ги носат со автомобили и повторно ги земаат “, рече Фаик Џони, директор на ОУ „Конгреси и Манастирит“.

Народниот правобранител,од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и од просветниот инспекторат реагираа за овој случај. Дури, Инспекторатот потврди дека во училиштето „Његош“ во Јурумлери има доволно простор за отворање дополнителни паралелки, но од општината нема слух, освен што доставија барање до Министерството за транспорт и врски за земјиштето за изградба на училишна зграда за учениците од Идризово./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button