ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Многу поплаки за зголемување на цените

Многу поплаки за зголемување на цените

Стотици граѓани поднесоа претставки за зголемените цени до различни институции. Оние кои не добија одговор од надлежните органи, се обратија до невладините организации. Над 150 претставки се поднесени само до Здружението за заштита на потрошувачите за високите цени на прехранбените производи и пијалоците откако заврши мерката за загарантирани цени.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи рече дека со предложениот закон за нефер трговски практики ќе се реши проблемот со евентуалното поскапување. Тој ги повика пратениците да гласаат за овој закон, бидејќи според него, само така институционално ќе се реши проблемот со евентуалното поскапување. Битиќи рече дека Комисијата за спречување и заштита од конкуренција се уште не ја разгледала неговата претставка што ја испратил пред шест месеци, за трговци кои драстично ги покачиле цените.

Со укинувањето на гарантираните цени, од 1 март забележани се поскапувања на одредени прехранбени производи и пијалоци. Исто така, веќе не важат двете одлуки за намалување на царинските такси за 10 отсто за земјоделските производи увезени од странство, што директно ќе влијае на зголемувањето на малопродажните цени на овошјето и зеленчукот. Од Државниот пазарен инспекторат велат дека утврдени се прекршоци, но резултатите ќе ги соопштат кога ќе завршат со сите инспекции./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button