ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Голема кашлица; контроли во градинките

Голема кашлица; контроли во градинките

Комисијата за заразни болести препорачува да се зголемат контролите во сите предучилишни установи во Скопје и најави дека тестирања за голема кашлица ќе се вршат низ целата земја. Портпаролот на Комисијата вели дека од 15 март ќе пристигнат и првите дози за вакцинација на возрасните.

Директорот на Инфективната клиника Фадил Цана рече дека иако децата се најпогодени од голема кашлица, во оваа клиника тестови прават и возрасните.

„Возрасен пациент кој е прегледан на инфективната клиники доброволно направил тест, без никаква епидемиолошка индикација, а резултатот е позитивен на пертусис. И тој пациент нема никаква клиничка слика, оваа категорија на полнолетни граѓани не е загрозена и доколку ја тестираме целата популација, тоа би предизвикало хаос и бројките би биле поголеми од прикажаните”, рече Фадил Цана, директор на Клиниката за инфективни болести.

Од почетокот на годинава во земјава се регистрирани 123 случаи на голема кашлица, од кои најголем дел во Град Скопје. Од КЗБ соопштуваат дека од 18 јануари до крајот на февруари биле применни над 22.000 вакцини против пертусис./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button