ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжуваат судирите меѓу вицепремиерот Груби и директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски околу систематизацијата на административците

Државните административци предизвикаа судири меѓу вицепремиерот Артан Груби и директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски. Пауновски го игнорира Груби. Од 35 административци префрлени од Министерството за политички систем, само 12 се прифатени од Пауновски.

Пауновски вели дека додека Груби сака да бидат ангажирани околу 23 инспектори без соодветно образование и тоа само во три града во западниот дел од земјава, во источниот дел недостасуваат инспектори. Но, вицепремиерот Груби вели дека Пауновски не ги одбил административците. За да се надминат разликите, Груби побарал помош од Заев.

„Ниту една институција не одбила, напротив тие бараат административци во согласност со потребните профили… Верувам дека директорот ја добил пораката и од премиерот за тие изјави, ако имаме повеќе правници или економисти со мала промена на планот што ќе го испратиме за да ги задоволиме потребите на инспекторатот“

Пауновски, пак за Алсат изјави дека не добил никакви наредби од премиерот Зоран Заев. Тој е категоричен дека додека е директор нема да прифати вработени кои по струка се детективи, а не правници или економисти. Вели дека нема да дозволи уништување на Инспекторатот кој штотуку започна да се опоравува, а доколку Владата се спротивстави може да го разреши на следниот состанок што треба да се одржи во вторник. За да се вработат по 10 години, од околу 1.350 административци вработени преку Охридскиот договор, Министерството за политички систем испрати 35 дво Пазарниот инспекторат, додека другите беа прераспределени во околу 200 други институции. Но, нивната целосна систематизација сè уште не е завршена.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button