ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Радев: Кревање на ветото по промена на Уставот

Бугарскиот претседател, Румен Радев, во своето денешно обраќање на отворањето на конференцијата „Европска перспектива за добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија“, повтори дека согласноста на Бугарија за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ би се случила по промена на нашиот Устав. Како што оцени Радев, „македонизмот“ бил потенцијална опасност за дестабилизација на ЕУ, пренесува 24 Часа.

„Не можам да правам компрмис со нашата одговорност како демократска држава за иднината на ЕУ. Ако во моментов некој од нашите партнери не е свесен за длабочината на историскиот проблем и за можноста македонизмот да ја дестабилизира унијата… Треба да интегрираме партнери, а не проблеми и со тоа да ја покажеме нашата лојалност кон ЕУ. Тоа е она за што не можам да направам компромиси. Значи, големото прашање што останува е кога Бугарија ќе се согласи да го започне преговарачкиот процес. Секогаш сум велел дека тоа треба да биде откако ќе се смени Уставот и ќе се регистрираат македонските Бугари“, рече Радев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button