ВЕСТИСВЕТ

Ракетен напад врз Одеса и Днепар, се огласиле сирените и во Киев

Сирените за тревога поради руски напади се огласиле низ Украина утринава, вклучително и во главниот град Киев. Неколку украински региони денеска се во состојба на готовност поради ракетните напади, а сирените за воздушен напад се огласиле во Одеса, Полтава, Днепропетровск, Суми и Николаевската област, како и делови од Кировоградската област.

Руска ракета го погоди пристанишниот град Одеса. Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

Гувернерот на Одеса, Максим Марченко изјави дека е погоден инфраструктурен објект и истакна дека постои опасност од „масовен ракетен напад на територијата на цела Украина“.

Исто така, сирените се огласија и во Запорожје и Херсон, кои се под контрола на Киев.

Локалните власти го повикаа населението да побара засолниште.

Локални функционери рекоа дека во Киев и Днепар работат системите за противвоздушна одбрана со цел соборување на проектили.

Кирило Тимошенко, заменик-шеф на канцеларијата на Зеленски, рече дека неколку експлозии одекнале во центарот на Днепар. Оштетени се два инфраструктурни објекти, а најмалку едно лице е повредено.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button