ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Рацете им се лепат од слатките 327 милиони евра за „стоки и услуги“

Мебел, купување на нови возила, репрезентации, спонзорства и реклами, службени патувања и користење на службени возила. Сите овие трошоци на институциите влегуваат во ставката именувана како „стоки и услуги“ во централниот буџет тешка 327 милиони евра. Владините најави се дека со прекројувањето на државната каса до крајот на оваа година оваа ставка ќе треба да се намали за 100 милиони евра. Според буџетот за годинава за набавка на мебел се одвоени 1,8 милиони, а за возила 5,4 милиони евра.

БУЏЕТ ЗА 2022:

Стоки и услуги 327 милиони евра
Мебел 1,8 милиони евра
Возила 5,4 милиони евра

Оваа ставка со години е тема на дискусија во јавноста за огромното трошење народни пари кои не се продуктивни. Економски експерти велат дека се потребни реформи во самиот буџет за да може секој потрошен денар да дава резултат, а не да оди во непотребни трошоци.

„Ние декларативно викаме дека оваа година имаме развоен буџет, но кога ќе ја видите фактичката состојба на тој буџет на ништо друго не личи, освен на трошковен буџет. Од една страна имате оперативни трошење кои ги вршите цела година за плати и придонеси да ги покриете да имате некоја ликвидност, а од друга страна имате непродуктивни трошоци за купување на коли, мебел бесцелно…“, вели Абил Бауш- професор.

Покрај ставката „стоки и услуги“, за исплата на плати и надоместоци од буџетот се одвојуваат половина милијарда евра на годишно ниво. Засега Владата поради кризата донесе сет на мерки за штедење наменети за министрите и директорите кои мора да ги намалат трошењата за стоки и услуги за 10 проценти, а 50 проценти за репрезентации, реклами и спонзорства.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button