ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Злоупотреби во Државниот ансамбл за албански песни и игри

Злоупотреба на пари, трошење надвор од законските рамки, исплата на камати и извршители поради ненавремено плаќање на неопходните расходи. Ова се дел од неправилностите кои се констатирани во Државниот ансамбл за албански народни песни и игри во Македонија, од страна на Секторот за правен и инспекциски надзор при Министерството за култура.

Во извештајот што го обезбеди Алсат се наведува дека директорот на Ансамблот Шкодран Толај не го почитувал членот 70-б од Законот за култура, а не доставил докази за неоправдани трошоци во текот на работата на Ансамблот за 2020 година, како и за 2021.

Во текот на 2020 година Ансамблот неоправдано потрошил 109.430 илјади денари, од кои

-50.430 денари за две авионски карти и плаќање на хонорар за патување во Доха, Катар, за директорот и уште еден вработен. За ова патување 36.000 денари се платени за билети и летови и два хонорара од 6.765 денари.

-9.000 денари за банкарски токен,

-50.000 денари за набавка на гориво за потребите на директорот за приватниот автомобил, што е прекршување на член 70-б став 4 и е казниво по член 91-а, параграф 1, алинеја 7 и параграф 2 од Законот за култура.

Во извештајот се наведува и дека при увид во работата на Ансамблот било констатирано дека на Управата за јавни приходи ѝ биле исплатени 12.998 денари камати поради задоцнето плаќање на придонесите на вработените,

Преку присилна наплата преку извршител е извршена исплата на 9.385 денари.

Ансамблот во 2020 година исплатил 84.184 денари како ненаменски средства поради неплатени сметки за 2019 година, на еден оператор за телекомуникациски услуги, кои доколку се плаќале редовно, би чинеле 56.465 денари или околу 450 евра помалку.

Директорот Шкодран Толај во текот на 2020 година купил 7 маски анти-смог во Приштина, во вредност од 32 евра, додека во писменото образложение вели дека ги купил во странство, бидејќи не можел да ги најде кај нас.

Во извештајот на Секторот за правен и инспекциски надзор при Министерството за култура, се вели дека при увидот во работата на Ансамблот, директорот платил вкупно 17.817 денари за сместување во хотели и за храна по ресторани за гости од странство. Но, во фактурите нема спецификација на трошоците, нема фискална сметка и потврда.

За горенаведените неправилности, Секторот за правен и инспекциски надзор бара директорот Толај, да ги почитува законските одредби, а за откриените неправилности му е даден рок да ги коригира. /Алсат.мк

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button