СПОРТФОРМУЛА - 1

Ред Бул провоцира: Ферари и Мерцедес ја разбраа лекцијата што им ја одржавме

Со 17 победи на 22 трки, тимот на Ред Бул потврди дека оваа година несомнено беше најдобрата во историјата за австрискиот болид. Доминација за светските шампиони во Формула 1, која им остави само трошки на ривалите Ферари и Мерцедес. Оној кој ги испровоцира овие тимови е Кристијан Хорнер, спортскиот директор на Ред Бул.

„Нормално е кога целосно се менуваат прописите на натпреварите, има тимови кои подобро го толкуваат тоа и тимови кои не успеваат да бидат многу ефикасни. Никогаш не ни замислувавме дека Мерцедес ќе победи само на една трка оваа година, по сите успеси што ги имаа во последните сезони“, изјави Хорнер.

 

„Задоволни сме од резултатите во оваа сезона, но мислам дека бројките ќе бидат поизбалансирани следната година. Би сакал повторно да доминира, но во овој спорт е тешко, бидејќи и другите тимови се силни. Мислам дека ја разбраа лекцијата што ја добија од нас оваа година, па ќе бидат со нас и следната сезона“, изјави Хорнер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button