ВЕСТИРЕГИОН

Вкупно 15 лица, од кои три деца, се хоспитализирани во УКЦ Ниш по излевањето амонијак кај Пирот

Вкупно 15 лица, од кои 12 возрасни и три деца, се згрижени во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, соопштија од здравствената установа откако од превртен вагон истече амонијак во близина на селото Станичење кај Пирот.

Како што наведуваат од Клиничкиот центар во Ниш, сите пациенти во моментов се со стабилни витални параметри и не се во животна опасност, пренесе Бета.

Според лекарите, децата што се лекуваат на Клиниката за детски болести се свесни, комуникативни и се со стабилни витални параметри. Поради иритација на респираторниот тракт, очите и кожата, тие ќе бидат задржани на понатамошно лекување.

Во текот на ноќта шест пациенти се пуштени на домашно лекување, а останатите извесно време ќе бидат задржани на натамошно следење.

Меѓу оние што ќе бидат задржани на лекување има и 59-годишен маж со повреди на градниот кош и 49-годишен маж со проблеми со срцето.

Во Пирот во сила е вонредна состојба откако од превртен вагон истече амонијак. Вкупно 51 лице синоќа беа хоспитализирани поради симптоми на труење, додека училиштата, градинките и јавните установи денеска се затворени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button