ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Регистрирани 12 прекршување на полицискиот час, 408 санкции за неносење маска

Од вчера во 22 часот почна да се применува одлуката на Владата за ограничување на движењето на граѓаните во периодот до 05 часот наутро. Синоќа дел од раководството на МВР, предводено од министерот Оливер Спасовски направи увид во спроведувањето на ограничувањето на движење во Скопје, Тетово, Куманово, Велес и други градови. Преземени се сите потребни активности контролата на ограничувањето на движењето да се спроведе согласно одлуката на Владата.

Од 22 часот (10.03.2021) до 05 часот (11.03.2021) констатирано е дека 12 лица не ја почитувале забраната за движење.

Во текот на изминатото деноноќие пак (10/11.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 408 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button