ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Регистрирани 19 нови случаи на ковид-19

Во текот на последните 24 часа, од 3.667 извршени тестови на национално ниво, регистрирани се 19 нови случаи на Ковид-19, од кои 8 во Скопје, 5 во Тетово, 2 во Куманово и по 1 во Гостивар, Кочани, Гевгелија и Дебар. Како што дознава Алсат, за истиот период излекувани се 9 пациенти. Во последниве 24 часа нема регистрирано смртни случаи на лица позитивни на вирусот.

Од почетокот на пандемијата, во нашата земја се регистрирани вкупно 155.901 случаи, од кои 150.168 се излекувани, а 5.487 починале. Во нашата земја во моментов има 246 активни случаи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button