ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Регистрирани се 844 нови случаи со Ковид-19

Регистрирани се 844 нови случаи со Ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.890 тестови, а регистрирани се нови 844 случаи на КОВИД-19: Скопје – 374, Kуманово и Тетово – по 43, Битола – 38, Прилеп – 35, Велес – 33, Кавадарци и Охрид – по 30, Штип – 24, Гевгелија – 23, Гостивар – 21, Струга – 20, Струмица, Неготино и Радовиш – по 19, Кичево, Кочани и Кратово – по 9, Берово – 8, Крива Паланка – 7, Дебар и Валандово – по 5, Ресен и Крушево – по 4, Виница и Демир Хисар – по 3, Свети Николе, Богданци и Македонска Каменица – по 2, Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (844), регистрирани се 188 реинфекции.

Регистрирани сe 815 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа се пријавени три починати лица од Скопје (72г,76г и 83г) починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани три починати лица, од Тетово (85г), Кавадарци (74г) и од Охрид (70г). Две лица се починати во домашни услови и еден во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 05.07. – 30.07.2022 година.

Бројот на активни случаи изнесува 4.139.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button