ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Регулаторна ја поскапи струјата за 12% – Поради намалениот ДДВ, цената за граѓаните ќе остане иста

Струјата поскапува за 12 насто. Но, поради одлуката за намалување на ДДВ-то на електричната енергија од 18 на пет отсто сметките ќе останат исти. И покрај зголемувањето од цели 12 проценти, само една година, откако сметките за струја се покачија за 7 проценти, претседателот на регулаторна се обидува поскапувањето да го претстави како компромис во корист на граѓаните.

„Компаниите збирно побараа зголемување од 50 денари на сметка од 1000 денари. Врз основа на нашите пресметки изминатиот период РКЕ нивните барања ги сведе на шест денари на сметка од 1000 денари“, рече Марко Бислимовски Претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Бислимовски уште тврди дека претставниците на компаниите биле незадоволни од оваа одлука и барале поголемо зголемување на цената на струјата. На МЕПСО не им биле прифатени трошоци од 11 милиони евра, а кај Електро дистрибуција речиси 13 милиони евра. Регулаторот вели дека од двете фирми најавиле тужби за ваквата одлука.

„Компаниите не се задоволни со оваа одлука, на вчерашната подготвителна седница на која МЕПСО Електродистрибуција и ЕВН Хоум доставија свои забелешки на овие наши одлуки, и понатака останува можноста да се водат жалбени постапки пред судовите“, вели Бислимовски.

Исто така регулаторот одобрил инвестиции во преносната мрежа за следниве три години од 60 милиони евра, а во електродистрибутивната мрежа инвестиции од 124 милиони евра. Инаку, на сила за домаќинствата останува евтината тарифа во дневните и ноќните часови од денот.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button